Уапсен Зоран Божиновски, новинар и сопственик на портал „Буревесник“
Објавено: 8 ноември, 2013, во 10:14 часот
Сопственикот на порталот Буревесник, Зоран Божиновски, кој се бара како еден од осомничените во случајот Шпион, вечерва е уапсен во Нови Сад, Србија, јави Нова тв.
Според информациитe, телефонски било известено и македонското МВР, кое ја ја потврдило информацијата, додавајќи дека Божиновски е изведен пред надлежниот судија.
Потоа, според процедурата МВР треба да добие и писмено известување и да ја започне процедурата за екстрадиција.
Дента, по апсењето на 17 осомничени за Шпион Зоран Божиновски, за НОВА изјави:
– Негирам дека сум инволвиран во шпионирање за странски служби, бидејќи сите информации што ги имам јавно ги објавувам на мојот портал Буревесник.
Во акцијата Шпион 2о лица се обвинети и уапсени за злосторничко здружување, измама и изнуда: Марјан Маџовски, шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ од 2005 година, Мичо Насковски, екс-генерален директор на Бетон, Ване Цветанов, екс директор на Агенција против перење пари, генерал Горан Стојков, Аце Диневски поранешен функционер од Агенцијата за разузнавање, беше приведен режисерот Борис Дамовски, авторот на анимираниот сатиричен филм „Еднооки“ но вечерта пуштен.
Истражниот судија во Основниот суд Скопје 1 им одреди мерка притвор од 30 дена на 16 притворени во акцијата “Шпион”, додека, пак, на вработениот во Државниот архив, поради влошената здравствена состојба, му бил одреден домашен притвор.
Притвор во отсуство им е одреден и на тројцата од осомничените, по кои сe уште се трага.
Тие се товарат дека им одавале информации на странски безбедносни служби, главно од една соседна земја, а се занимавале и со измами и уценувале јавни личности и лица од бизнис заедницата.
Истрагата за овој случај, бидејќи се работи за документи од државен карактери и со различен степен на тајност, ќе се води зад затворени врати.
Текстот во целост прочитајте го тука.
