Затвор за крадење струја, парно и вода
Објавено на 1 ноември, 2012 во 11:21
Со најновите предлог измени во кривичниот закон треба да се дефинираат казните за кражба.
Министерството за правда предвидува затвор дури до 3 години, исто така и парична казна за приклучување на диво на струја, вода или парно.
Казни ќе следуваат ако се отстрани, онеспособи или премести уредот за мерење на потрошеното. За крадењто на вода,парно или струја следуваат казни до пет години затвор. Доколку станува збор за фирма, тогаш казната е парична.
Досега судот има изречено затворска казна за крадење струја во времетраење од шест месеци до една година.