Македонија ги почнува преговорите за членство во ЕУ

Објавено на 19 јули, 2022 во 09:31

Денеска во Брисел ќе се одржи првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската Унија. Премиерот Димитар Ковачевски, како што е најавено, на македонски јазик ќе ја прочита отворачката изјава, а веднаш потоа, според тврдењата на шефот на дипломатијата Бујар Османи, ќе почне скрининг процесот кој ќе трае година и половина.

Чешкиот премиер, чија земја од почетокот на овој месец претседава со ЕУ, Петр Фиала, синоќа ја објави одлуката на Европскиот совет за одобрување на преговарачките рамки на ЕУ со Македонија и Албанија.

„Советот на ЕУ вечерва ги одобри преговарачките рамки, со што е отворен патот за почеток на пристапните чекори за Албанија и Северна Македонија. преку објава на неговиот профил на „Твитер“ ја соопшти одобрувачката одлука од Европскиот совет.

Чешкиот премиер воедно испрати благодарност и до францускиот претседател Емануел Макрон, за кого вели дека одиграл клучна улога во постигнатиот успех.

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, најави почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, со оценка дека тоа е „историски момент“.

ЕУ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.