Македонија под снег

Објавено на 12 јануари, 2025 во 11:24
Фото: Езеро „Младост“ Велес – автор Сузана Николова

Утринава Македонија под бела снежна покривка со измерени температури во 08:30 часот од -9 степени на Попова Шапка, -8 во Маврови Анови, -6  во Крушево, -3 во Крива Паланка, Тетово, Берово, Прилеп, Куманово, -2 во Битола, Штип, Охрид, Дебар, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес, Кавадарци, 0 степени во Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, 1 во Гевгелија и 2 во Претор.

Според податоците на Управа за хидрометеоролошки работи во изминатите 24 часа наврнат е воден талог во l/m2 од 16 во Дебар, 12 во Маврови Анови, во Охрид, 10 на Попова Шапка, Берово, 9 во Крушево, Претор, 7 во Крива Паланка, 6 во Струмица, 4 во Гевгелија, Битола, Демир Капија, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, 2 во Штип, 1 во Кавадарци, Тетово и  Виница.

Висина на снежната покривка во 07 часот изнесува 52 см Попова Шапка, 35 см Маврови Анови, 15 см Штип, Дебар, 12 см Ѓуриште, 11 см Битола, Тетово, 8 см Крушево, 5 см Охрид, 4 см Прилеп, 3 см Куманово, 2 см Скопје-Петровец, 1 см Струмица и Демир Капија.

Времето во текот на ноќта и изутринава беше облачно со врнежи претежно од снег. Дуваше слаб до умерен, наместа засилен ветер од северен правец.

Времето денеска ќе биде облачно и студено насекаде, со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни, локално над 40 л/м2. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми, локално и над 50 см. Позначителна снежна покривка, над 20 см, ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Максималната температура ќе достигне од -3 до 4 степени.

Во Скопје облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.