Малолетник со „БМВ“ излетал од автопатот Скопје-Велес, повредени шест лица
Објавено на 30 ноември, 2021 во 13:02
Сообраќајната незгода се случила на автопатот Скопје – Велес во близина на надвозникот кај село Ржаничино. Малолетникот управивал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, во сопственот на неговиот татко Л.Н и излетал од коловозот.
Како што информираат од МВР во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17 годишниот возач и со телесни повреди се здобиле сопатниците З.Ж.(19), М.Д.(19) и уште тројца малолетни сопатници. Повредите им биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
На местото на незгодата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.