Метеопрогнозерот Поповски: Влажен бран од Медитеранот се приближува кон Македонија
Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, особено утре попладне, во текот на ноќта кон петок и во петок во Мкедонија ќе има повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат пообилни (со што локално ќе наврнат до околу, па и над 20 литри дожд на метар квадратен), особено во западните и во јужните предели од државава, објави „Метеоаларм“.
-Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат невообичаено високи за овој период од годината, што значи дека тие речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат дури до околу 20 степени, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Снег ќе врне само на највисоките планини во северозападните предели од Македонија (односно на највисоките места на планината Шар Планина). Од денес до петок повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час), пишува во објавата на метеоролошкиот медиум ” Метеоаларм”.
Дума.мк