Министерство за транспорт и врски им се извини на медиумите за пропустот на аеродромот
Во однос на реакцијата на присутните медиуми за ограничениот пристап на аеродромскта платформа, а по повод слетување на авионот од Софија на Меѓународниот аеродром Скопје, упатуваме искрено извинување поради ненамерениот пропуст со кој беше ограничено движењето на присутните медиуми за нормално одвивање на медиумската работа, велат од Министерството за транспорт и врски во врска со реакцијата на ЗНМ и ССНМ во однос на денесниот настан на скопскиот аеродром.
Оттаму посочуваат дека во иднина Министерството ќе обезбеди еднаков пристап на сите медиумски работници за извршување на нивните работни задачи.
-Министерство за транспорт и врски, како организатор на настанот во соработка со ТАВ Македонија, обебеди пристап на платформата според меѓународни безбедносни протоколи со ограничено движење.Ја разбираме реакцијата на медиумските работиници и уште еднаш упатуваме извинување за ненамерниот пропуст, информираат од министерството.