МСП:Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

Објавено: 2 декември, 2025, во 16:06 часот

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби.

„Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука од Судот. Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации. Каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена,“ пишува министерството во соопштение за јавност.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.