МВР: 240 санкции за брзо возење
Објавено на 19 септември, 2022 во 12:13
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи.
-Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 113 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 127 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.