МВР: 242 санкции за брзо возење
Објавено на 17 октомври, 2022 во 11:27
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 242 возачи.
-Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 137 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.