МВР ќе спроведува засилени контроли за време на престојниот викенд
За време на Велигденските и првомајските празници, полицијата на излетничките места ќе спорведува засилени контроли како што најави Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, под лупа ќе бидат и верските објекти.
-Имаме забрана на групирање на повеќе лица од 4 и дека имаме посебни протоколи за организација на настани кои би се одвивале на отворен простор. Треба да се почитуваат сите тие мерки. МВР веќе подготвува посебни планови за Велигденските, за првомајските празници. Сакам да упатам апел, да се придржуваме до мерките, изјави Спасовски.
Поглаварите на верските заедници во земјава на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи ќе контролираат дали мерките ќе се почитуваат за време на празниците.
-Сега верските празници да може да се одбележат поспокојно и без притисок. Сепак, ова значи дека е исклучително битно во текот на празниците да се почитуваат предвидените протоколи, со исклучителна претпазливост, да се одржува дистанца, да се носи маска и да нема групурања, вклучително и тоа да присуството во внатрешноста на верските објекти да не е поголемо од 30 процентна исполнетост на капацитетот, изјави министерто за здравство Венко Филипче по средбата со верските лидери.
Од денеска полицискиот час започнува во 21:00 часот и ќе трае до 05:00, исто така, угостителските објекти започнуваат со работа до 20:30 часот.