На едно семејство му требаат речиси 1.000 евра за покривање на основните трошоци
Објавено на 22 јули, 2024 во 15:25
Вредноста на синдикалната минимална кошница за јули изнесува 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари.
Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 кавдарати трошоците се зголемуваат на 75.945 денари.
Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6.014 денари.
Дума.мк