На ГП Богородица на излез од државата запленети 200 парчиња боци со фреон натоварени во автобус

Објавено на 14 февруари, 2023 во 14:19

Царинските службеници на царинска испостава Богородица вчера на излез од државава при контрола на автобус открија 200 парчиња боци, од кои 100 боци од 9,8 кг фреон R404A и 100 боци од 13,6 кг фреон R134a со вкупна вредност од два милиони денари, соопшти Царинската управа.

,,Стоката и автобусот се привремено одземени, а против возачот кој е со македонско државјанство ќе биде поведена кривичка постапка за криумчарење стока,, стои во информацијата од Царинската управа

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.