На ГП„Табановце” и „Богородица”, се чека еден час

Објавено на 8 август, 2023 во 08:23

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица и ГП Табановце поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час.

На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.