На патниот правец Маврово – Галичник, поради асфалтирање, сообраќајот ќе биде во прекин шест часа

Објавено на 10 август, 2022 во 09:25

Од 09.08.2022 до 20.08.2022 на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238 поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот. Работите ќе се изведуваат само во работни денови.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е од 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.