Народниот правобранител го отвори бесплатниот број 0800-54321 за пријавување повреда на избирачко право
Објавено: 1 октомври, 2025, во 15:00 часот
Во канцеларијата на Народниот правобранител, од денеска, во функција ставен е бесплатниот телефонски број 0800-54321 за пријавување каква било повреда на граѓанските права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот на 19 октомври и вториот на 2 ноември круг од Локални избори 2025.
„По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 часот, ќе бидат снимени.Народниот правобранител во функција на заштита и остварување на избирачкото право на граѓаните ќе постапува во најкраток рок до надлежните органи и до другите институции, со барање да постапуваат брзо и ефикасно во процесот на изборите со цел да им обезбедат остварување на загарантираното право на граѓаните“, соопшти Народниот правобранител.
За пријавување на повреди активни се и шесте подрачни канцеларии секој работен ден од 8 до 16 часот и тоа на на следниве телефонски броеви: Подрачна канцеларија во Струмица – 034 329-996; Подрачна канцеларија Кичево – 045 228-586; Подрачна канцеларија Тетово – 044 344-082; Подрачна канцеларија Битола – 047 242-310; Подрачна канцеларија Штип – 032 389-701 и Подрачна канцеларија Куманово – 031 431-488.
