Немирна ноќ во струмичко и гевгелиско, беснеат пожари, пожарникарите на готовс

Објавено на 25 јули, 2022 во 09:36

Со голем ангажман на пожарникарите и лицата коишто го бранеа селото Ѓавато од огнената стихија, огнот е контролирано пресечен на 150 метри од селото и свртен во правец на црквата и гробиштата и не е навлезен во селото, јавува РЦУК од Струмица.

Дежурните пожарникарски мешани екипи  се распоредени со возила на 50 метри во линија пред селото и ќе се обидат да ја одбранат таа линија утрово, иако огнот вчера зафатено само една стара истурена куќа на перферија од селото.

За моментална ситуацијата во врска околу пожарот во с. Ѓавото према с. Грчиште, командирот на оделеније во ТППЕ Гевгелија Дејан Иванов известува дека пожарот е под контрола. На некои места има пожар поради ветерот, а на терен од вчера се 2 возила и 12 пожарникари, а во текот на ноќта имало дежурни екипи до утрово од ТППЕ Гевгелија, односно останале 5 пожарникари и 2 возила.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.