Несреќа во фабрика за експлозиви во Русија, загинаа шест лица
Објавено на 7 јули, 2023 во 12:55
Шест лица загинаа во експлозија во фабриката „Промсинтез“ во областа Самара, соопшти денеска руската служба за итни случаи за РИА Новости.
„Поради демонтирање на опремата при ремонт во работилницата на фабриката Промсинтез во Чапајевск, се случи експлозија, во која се повредени осум лица, од кои шест им подлегнаа на повредите“, изјави изворот.
„Промсинтез“ е еден од главните производители на индустриски експлозиви во Русија.
Дума.мк