Нивото на Дојранското Езеро пониско за два, а на Преспанското за еден сантиметар
Објавено на 26 јули, 2023 во 12:19
Нивото на Дојранското Езеро е за два сантиметра пониско од вчера, а на Преспанското за еден сантиметар, покажуваат денешните хидролошки мерења. Сепак, водостоите на двете езера се под просекот за јули.
Според УХМР, податоци за Охридското Езеро денеска не се достапни.
Нивоата на повеќето реки, пак, не покажуваат поголеми отстапувања во однос на вчерашниот ден.
Дума.мк