Нов бран на дождови во Македонија, ќе наврнат количини и од над 50 литри дожд

Објавено: 4 декември, 2025, во 08:39 часот

„Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија  влажни воздушни бранови до сабота, 6 декември, во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои особено во западните  и во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално во овие предели ќе наврнат од 30 литри до над 50 литри.  На планините над 1600/1700 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка.

Во Скопје  и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 25 литри дожд.

За време на овој период ќе дува слаб до умерен ветер кој повремено ќе биде  засилен, од југоисточен а потоа  од северен и од североисточен правец.

Температурите нема многу да се менуваат. Наутро насекаде ќе се движат над нула а преку ден ќе се искачуваат во интервалт од 6 до 14 степени. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.