Објавен Јавниот повик за признанието „Успешни млади“ за 2021 година

Објавено на 4 август, 2022 во 11:45

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија продолжува со имплементација на проектот „Успешни млади“, признание кое што се доделува во насока на вреднување на трудот и знаењето на младите, како една од политиките за намалување на одливот на млади луѓе од нашата земја, како и за создавање на перспективи за младите и успешни кадри.

Јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2021 година е отворен од денеска и ќе трае до 30 септември 2022 година.

Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2021 година, во следните осум категории:

1.      Најдобар/а  млад/а научник/чка во општествените науки;

2.     Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;

3.     Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;

4.     Најдобар/а  млад/а  научник/чка во медицинските науки;

5.     Најдобар/а млад/а иноватор/ка;

6.     Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);

7.     Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);

8.     Најдобар/а млад/а уметник/чка.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2021 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.

Јавниот повик во којшто детално се наведени условите и начинот за доставување на пријавите е достапен на веб-страницата на Претседателот на Република Северна Македонија на:

македонски јазик:  https://bit.ly/3SCvWu3

албански јазик:  https://bit.ly/3zYebhr

англиски јазик:  https://bit.ly/3BGcHtf

Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието „Успешни млади”.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.