Објавени списоците за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетска криза

Објавено на 5 јануари, 2023 во 10:32

На веб страната на Министерство за труд и социјална политика објавени се списоците на корисници на финансиска поддршка согласно Закон за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.

Од Министерство за труд и социјална политика соопштија дека се објавени корисници  на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од  14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.

На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка, а најдоцна до 09.01.2023 година.

Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта [email protected]

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија  и веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, по истекот на три дена од денот на објавувањето.

Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 12.01.2023 година. 

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.