Облачно и посвежо време со врнежи од дожд
Објавено на 2 ноември, 2021 во 09:24
Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 20 л/м2) и проследени со засилен јужен ветер. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат.
Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла и ниска облачност, како и со умерен, на места засилен ветер претежно од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните брзо ќе се покачат.