Од 1 септември учениците ќе ги имаат сите учебници, вели Шаќири

Објавено на 18 февруари, 2022 во 15:35

Министерот за образование Јетон Шаќири вели дека се разгледуваат сите можности, во тек се постапки и од 1 септември сите ученици во основно и средно образование да имаат учебници.

– Педагошката служба има доставено извештај за сите учебници од основно и средно образование. Ќе се разгледаат сите можности за децата од 1 септември да имаат учебници за тие предмети за кои досега се завршени повиците. За оние предмети за кои нема, ќе распишеме повик. Тоа се законски постапки кои треба да се отворат и потребно е минимум три месеци да завршат, изјави Шаќири.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.