Од полноќ се намалија цените на дизел, мазут и екстралесно масло за домаќинства

Објавено на 25 ноември, 2022 во 09:53

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,50 % во однос на одлуката од 23.11.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,263 ден/кг и сега ќе изнесува 41,783 ден/кг. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Од 25.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстралесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,783 (денари/килограм)

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.