Од полноќ поевтинува мазутот

Објавено на 22 март, 2023 во 12:53

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информира дека мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,052 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 37,078 денари за килограм. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 83, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,142 отсто, кај дизелот за 1,811, кај екстра лесното масло за 2,208 и кај мазутот за 3,583 отсто.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.