Од РКЕ ги повикуваат трговците на трпеливост и солидарност: Дизелот требаше да поскапи – напрвивме баланс

Објавено на 10 март, 2022 во 14:13

Доколку во вчерашната одлука за зголемувањето на цената на нафтените деривати реално ги земеле сите параметри, како што велат од РКЕ цената на дизелот би се зголемила за 10,5, а на бензините за 5,5 денари за литар.

Од РКЕ ги повикуваат трговците на трпеливост и солидарност и најавуваат дека маржата ќе им биде вратена веднаш кога ќе се создадат услови за тоа.

Маржите како што велат ги намалиле за дури 33% па така ако досега во просек маржа за трговецот изнесувала околу 4,5 денари од литар, сега таа е намалена на 3 денари од литар и така се направил тој баланс.

Од РКЕ исто така информираат дека одлуки за цените на горивата ќе се носат секој ден, но само доколку се исполнат условите. А условите се дека промена на цената на горивата ќе има доколку треба промената на цената да биде за повеќе или помалку од 2 денари од постојната цена. Што значи дека според пресметките ако треба да има промена помала или поголема од 2 денари во тој случај нема да се прави промена на цената, но доколку разликата во цената е поголема од тие плус или минус 2 денари од постојната цена ќе се донесе нова одлука со тоа што ќе има нови цени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.