Од следната недела почнува скринингот на учениците на корона вирус
Објавено на 4 октомври, 2021 во 12:31
Во следниот период од 7 до 10 дена, ќе бидат тестирани по случаен избор ученици од сите основни и средни училишта.
-Според методологијата која ја изработивме, во следниот период ќе бидат тестирани учениците во сите средни и основни училишта заедно со министерството за образование ќе бараме дозвола од родителите. Ова ќе биде со цел да направиме пресек каква е ситуацијата во училиштата. Ќе се бираат ученици по случаен избор. Процесот би требало да заврши оваа, најдоцна до следната недела, по што ќе излеземе со резултати, рече Филипче.