Пендаровски: 10 години не е ништо направено во образованието, затоа имаме 95% функционално неписмени
Претседателот Стево Пендаровски денеска во гостување на Телма упати критики до Владата велејќи дека 10 години не е ништо направено во образованието и од таму имаме 95% функционално неписмени лица.
„Таа функционална неписменост ја продизведува ваквиот систем. Ние мора да влеземе со фундаментални, а не со козметички промени. За жал не гледам дека тоа досега е направено и дека има планови да се направат суштински промени… Да ви кажам најотворено, работите не се видно променети од 10 години претходно, значи откако дојде оваа политичка постава на Власт, зошто? Има многу причини, јас не сум експерт за образование. Не се направија на почетокот, по промената на Власта 2017 година мај/јуни месец не се направија пар работи кои мораше да се направат за да се постави образованието на колку-толку подновени основи“, вели Пендаровски.