Подготвителен состанок за состојбата со мазутот во РКЕ
Во тек е подготвителен состанок за состојбата со мазутот, на кој утринава присуствуваа и претставници од Државниот пазарен инспекторат. На состанокот се договори ДПИ да достави дополнителни документи за да може Регулаторната комисија за енергетика да има целосен пресек на состојбата во однос на мазутот, информираат од регулаторното тело.
-Во моментов на подготвителниот состанок комесарите детално ги анализираат сите наоди од редовните и вонредни контроли на терен и се прегледуваат сублимираните извештаи од секторот мониторингот, истраги и прекршоци, велат од РКЕ.
Нагласуваат дека по сеопфатните анализи на подготвителниот состанок, РКЕ утре ќе одржи вонредна седница на која ќе бидат донесени соодветни одлуки по доставените информации од наодите на Државниот пазарен инспекторат.