Штефан Филе предлага трилатерална средба за името!
Објавено на 16 јануари, 2013 во 12:36
Писмо до шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос испратил еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Во него предложил нова рамка со која Европската комисијата би имала директен увид во процесот на преговори за името.Како што јавува Дојче веле, Филе предлага трилатерална средба, на која ќе присуствуваат тој, Аврамопулос и Попоски.
Еврокомесарот побарал од двете страни да назначат свои претставници, а за негов личен преставник го назначил директорот на генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Стефано Санино. Целта на новата рамка е да се надградат заклучоците за Македонија од декемврискиот Совет на ЕУ