Црвенковски: “Да победиме за нашата Македонија“!
„Мора да му ставиме крај на лудилото. Мора тоа да го направиме сите заедно, целиот народ со својата волја. И тоа така како што му личи на еден државнотворен народ, прво на локални избори, а потоа на предвремени парламентарни избори. На 24 ќе гласате за локална власт, но бидете свесни дека со истиот тој глас или давате или одземате легитимитет на тиранијата. Затоа се растрчани од ВМРО-ДПМНЕ, зашто чувствуваат дека се ближи денот, дека ги чека тешка, голема народна казна. На 24 март победете двапати! Ајде сите заедно да победиме за нашата Македонија – порача Црвенковски вечерва од предизборниот митинг на „Сојузот за иднината“ во Битола.
Како што рече глобалната слика за Македонија била пропаѓање по сите основи.
„Македонија е земја на политички затвореници, на државна мафија под контрола на фамилијата, нема бизнис кај што не замешаа прсти, нема тендер кој не е наместен, цела државна машинерија е впрегната да собира арач на фамилијата. Македонија е земја во која само две индустрии функционираат, нивните пералници за пари и нивните пералници за човечки мозоци“ рече Црвенковски./ А.Д
извор: А1он.мк