Словенскиот парламент вечерва доби нова влада!
Објавено на 20 март, 2013 во 23:41
Единаесеттата словенечка влада ја предводи премиерката Аленка Братушек.
За новиот владин кабинет гласаа 52 парламентарци и 35 беа против.
Кабинетот од 12 министри,кои му припаѓаат на левиот центар, вечерва положи заклетва и се очекува во наредните денови да ги преземе должностите од конзервативната влада на Јанез Јанша.
Тој и неговата влада ја изгуби довербата поради корупцискиот скандал.
Новиот владин тим се очекува да ја заживее економијата и да го спаси банкарскиот сектор.