Мајскиот конгрес на СДСМ ќе се одржи во јуни!

Објавено на 19 април, 2013 во 07:10

Извршниот одбор на партијата договори  изборно – отчетниот конгрес на социјал демократите да се одржи на 2 јуни во Скопје.

Претседателот Бранко Црвенковски ќе даде отчет за  поразот на локалните избори и нема да се гласа доверба бидејки нему и на раководството им истекува мандатот.

Синоќа, социјал демократите не разговарале за можни кандидати за лидер на партијата. Црвенковски нема да се кандидира.

Сепак има неофицијални информации за можни кандидати меѓу кои се спомнуваат имињата на координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски, подпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски, подпретседателот на партијата и градоначалник на Струмица Зоран Заев како и екс разузнавачот Кире Наумов.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.