Црвенковски не е кандидат за лидер на СДСМ, неговите поддржувачи го напуштија Конгресот!

Објавено на 2 јуни, 2013 во 14:23

Четрнаесетиот конгрес на најголемата опозициска партија кој започна напладне, со свое обраќање го отвори актуелниот претседател Бранко Црвенковски, пренесе Телма. Пред околу 700 делегати,  зад затворени врати Црвенковски го повторил ставот дека дефинитивно ја напушта лидерската позиција.

– Ви се заблагодарувам на подршката и на сите собрани потписи на иницијативниот одбор но, јас си одам – рекол Црвенковски, иако  напоменал дека „доколку се направи ДНК на партијата, однапред би се знаел победникот“.

Рече дека секогаш ќе биде на располагање на партијата, а новиот лидер според него, ќе успее само ако ги обедини различните фракции во партијата. Како најголема грешка од минатиот конгрес до актуелниот, тој го посочил излегувањето на  локалните избори.

Конгерсот го напуштија членовите на иницијативниот одбор за поддршка на Црвенковски  во моментот кога почнаа петнаесетминутните говори на тројцата кандидати за лидер на СДСМ – Зоран Заев, Зоран Јовановски и Кире Наумов.

Наум Буревски, претседател на иницијативниот одбор изјави дека немаат овластување да ги слушаат другите кандидати и нагласи дека 30.000 – те илјади потписи за Црвенковски не се пренасочуваат за друг кандидат.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.