Се одржа средбата Груевски – Заев!
Претседателот на СДСМ Зоран Заев и премиерот Никола Груевски договорија во наредните денови директно да комуницираат за да се најде конечно решение за Анкетната комисија за расветлување на настаните од 24 декември, објави А1.он.
И опозицијата и новинарите беа избркани од Собрнието, но анкетната комисија е еден и од условите за евроатлантските интергации.
И власта и опозицијата се виновни за невоспоставениот политички дијалог досега. Ваквите средби треба да бидат пракса со што ќе се отвори простор да дебатираме за теми кои се од национален интерес за Македонија – изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев по едночасовната средба со премиерот Никола Груевски.
На новинарско прашање кои владини проекти ги смета за успешни, Заев не даде конкретен одговор, туку посочи дека е подготвен како лидер на опозицијата да даде поддршка за се’ што е добро за државата, но и дека тоа ќе му даде легимитет да го критикува сето она што не е добро.
Опозицијата ќе биде конструктивна за што е интерес за Република Македонија, но жестоко ќе реагира на се што не е добро за државата.