Заев и Ахмети три часа разговараа во Мала Речица

Објавено на 3 август, 2013 во 18:34

Претседателот на СДСМ, Заев и на ДУИ, Али Ахмети денекса потрошија три часа за првата лидерска средба во Мала Речица.  Двајцата лидери разговарале за  политичките случувања во земјава, економијата,спорот со Грција со името, настаните во Собранието од 24 декември.

„Нема потреба Македонија да остане изолирана земја, туку уште поотворена, потребно е подобрување на меѓусоседските односи со другите држави, таа да биде дел од еврпоатлантсите интеграции, со што и ќе се охрабрат странските инвеститори повеќе да доаѓаат“, ова го изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешната двоиполчасовна средба со претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев, кои денеска попладнево (3.8.2013) разговараа во седиштето на „интегративците“ во Мала речица, во Тетово во присуство и со генералните секретари на двете партии. Како што кажа Ахмети, лидерите и делегациите на двете партии разговараа за широк спектар на најактуелни полиички теми, почнувајќи од спорот околу името, за евроатлантските интеграциони процеси, за случувањата во македонскиот парламент од 24 – ти декември минатата година и за други теми. Ахмети во својата изјава за медиумите нагласи и дека тој и Заев „се усогласиле да ја продолжат својата соработка и во иднина во врска со теми од државен и национален интерес“.

Зоран Заев кажа: „Остануваме конструктивни како партија околу настојувањата да се постигне компромис за спорот за името и за тоа сметаме дека треба да се развие политичка дебата во земјата, но ние не им даваме поддршка на политиките на Никола Груевски. Му го изнесовме нашиот став на Ахмети дека, според СДСМ, Анкетната комисија за настаните од 24 – ти декември во парламентот не може да продолжи да функционира без свој претседател и оти ние не прифаќаме прекршувања на уставот и напади врз новинарите, што се случуваше тогаш во Собранието“. Заев додаде дека по оваа денешна средба со Ахмети во наредните денови тој ќе има разговори и со лидерите на ДПА Мендух Тачи со Руфи Османи на Албанската национална преродба, а потоа и со претседатели на други партии од македонскиот политички блок. ДВ побара коментари од реномирани политички експерти околу разговорите на Ахмети со Заев.

Извор: Дојче Веле

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.