Не е познато како ке гласаат граѓаните од Пустец, како дијаспора или во Македонија

Објавено на 6 февруари, 2014 во 13:54

Во тек е прочистување на избирачкиот список, по што тој ќе биде ставен на јавен увид и ќе се види дали граѓаните имаа забелешки, изјави претседателот на ДИК, Никола Рилковски.

„Што се однесува до гласачите од Пустец, дали граѓаните од Пустец ќе се јават на изборите да гласаат на територијата на Македонија или ќе го искористат своето право да гласаат како дијаспора, условно речено од Пустец, тоа не можеме да го кажеме“, рече Рилковски.

Нова ТВ јави дека на истото прашање вчера министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека за тоа не е надлежно МВР, туку Државната изборна комисија. 

Јанкулоска објасни дека не може да каже кој се е дел од избирачкиот список, затоа што тој во целост спаѓа под ингеренциите на ДИК и таа не сака да говори во име на другите институции. 

„Ние сите податоци од евиденциите на МВР од фактичката состојба ги доставивме до ДИК. Како ДИК ќе постапува, какви одлуки ќе носи, каков список ќе потпише за спроведување на изборите не е во моја надлежност и не би можела да одговорам. Нашата обврска беше согласно член 43 од изборниот законик во рок од 24 часа од распишувањето на изборите, податоците од базите на МВР, кои ние ги водиме по службена должност ги доставивме до ДИК“, изјави Јанкулоска.

На локалните избори минатата година се појавија стотиците гласачи од Пустец, во општините Центар, Охрид, Кичево. Клучни за точноста на овој список се податоците од Министерството за внатрешни работи, како и од Министерството за правда, потенцира опозициционата СДСМ.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.