Четворица кандидати за претседателската трка

Објавено на 3 март, 2014 во 08:33

Засега потврдени кандидати за претседател, кој што ги собраа потребните потписи се кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов, кандидатот на ДПА Илијаз Халими, кандидатот на ГРОМ Зоран  Поповски, јави 24 Вести.

За кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски ќе потпишат пратениците од опозициајта, бидејќи неговата кандидатура ќе се официјализира откако ќе измине рокот за собирање потписи.

Лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов се откажа и ги повлече списоците од канцелариите на ДИК, одлуката ја објави на својот фејзбук профил.

Професорката Билјана Ванковска се уште се бори. Но речиси е извесно дека нема да успее да го помине прагот од потребни 10 000 потписи.

Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека Иванов добивал масовна подршка од граѓаните.

Од ДПА на Тачи пак порачаа дека пропаднал планот на ДУИ за бојкот бидејќи Албанците ќе имаат за кого да гласаат на изборите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.