СДСМ ќе оди на избори но бара измени во изборниот законик

Објавено на 3 март, 2014 во 08:40

СДСМ и официјално потврди дека ќе учествува на престојните претседателски и парламентарни избори но бараат измени во Изборниот законик, јави 24 Вести.

Претставувајќи ги спорните забелешки во три точки од Бихаќка велат само на тој начин ќе се отстранат конфликтните ситуации кои можат да се појават со истовременото одржување на двата избори на 27 април.

Од ВМРО-ДПМНЕ без реакцијата за барањето за измена на изборниот законик.

Дел од универзитетските професори по уставно право , пред речиси еден месец за 24 вести толкуваа дека проблемот кој што се јавува со преклопувањето на кампањата на претседателските и паралментраните избори би можел да се реши со автентично толкување на изборниот законик, со што би се поместил почетокот на кампањата. Извори од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ пак велат дека техничкиот проблем со кампањата би можел да се реши и со одлука на ДИК.

Според собраниски информации најверојатно Собранието ќе се распушти во среда,а парламентраните избори ќе бидат распишани во четврток или петок.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.