ПДП ќе учествува на предвремените парламентарни избори

Објавено на 5 март, 2014 во 13:43

Партијата за демократски просперитет (ПДП) како најстара политичка партија на Албанците во Македонија повторно се враќа на политичката сцена, потенцира членот на иницијативниот одбор за пререгистрирање на ПДП Мухамед Халили на денешната прес конференција одржана во партиското седиште во Тетово.

Халили појасни дека со одлука на Основниот суд во Тетово добиена вчера тие како иницијативен одбор ја активирале ПДП откако ги задоволите сите законски услови. Истакна дека ПДП се враќа повторно на политичката сцена да ја заврши политичката мисија што нивните политички наследници, подвлече, не само што не успеале да ја продолжат, туку до крај ја деградирале.

Јас и моите политички истомисленици за време на минатите 24 години политичка активност ја имавме пријатната прилика три пати да ја основаме и реосноваме и да ја вратиме на политичката сцена ПДП. Но, овојпат тоа беше најтешкиот и најдолгиот пат, пат со пречки, закани и опструкции но на крај сето тоа заврши успешно и на членството и на граѓаните на Република Македонија им ја честитаме оваа голема победа на демократијата, изјави Халили.

Според Халили, ПДП ќе учествува на предвремените парламентарни избори додека на граѓаните им остава да решат самите околу претседателските избори.

На денешната прес-конференција во седиштето во Тетово присуствуваа и членовите на иницијативниот одбор за обновување на ПДП Џеладин Мурати, Есат Аслани, Веби Џемаили и в.д. претседаелот на ПДП Арбен Руси.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.