Шилегов: За договорот со Актор некој кривично ке одговара
Ако после проекти од 500 милиони евра како што е „Скопје 2014“ проткаен со големи сомнежи за корупција, 3,5 милиони евра ви се мал износ, тогаш логично е што не реагирате, премиере Груевски. Новата влада на СДСМ овој предмет ќе го истурка до крај, со што некој и кривично ќе одговара. Чудниот молк на државните институции за одлевањето на милиони евра кеш кај државјани на Грција е потврда дека зад проектот се крие мега скандал, а Управата за финансиско разузнавање во која што била отворена, па стопирана истрага, со молкот по пет дена откако случајот е обелоденет, ги потврдува скандалозните информации што водат кон перење пари во Македонија, преку државјани на Грција, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
Како што јави Плусинфо, тој рече дека неверојатно е премиер на држава да се огради со соопштение од неговата партија за случај со невидени размери.
– Изнесени се 3,5 милиони евра во кеш од државава, од сметка на фирма, партнер на владата. Фрапирачкото објаснување од ВМРО-ДПМНЕ дека грчката фирма во Македонија со парите што ѝ се префрлаат може да прави што сака наведува на скандалозни заклучоци. Дали ако сака „Актор“ тие 3,5 милиони евра може да ви ги даде и вам, господине премиер и на вашата партија? Дека динамиката на извлекувањето пари во кеш во висина од над 11 проценти од сега префрлените 32 милиони евра на сметката на „Актор“ АДГ Грција, подружница Скопје ќе продолжи? Преку сметките на „Актор“ и неговата фирма соработничка „Топометрија“ до крајот на изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица ќе бидат извлечени околу 30 милиони евра во кеш? Дека Груевски и институциите во Македонија се решени да го дозволат тоа? – праша Шилегов.
Според него, се наметнува прашањето дали затоа за изведувач на автопатот беше избрана фирма со 40 милиони евра поскапа понуда од италијанскиот понудувач.
– Зошто инаку ова што се случува со кеш извлекувањата преку грчки „Актор“ не е случај за Никола Груевски? Зошто не е случај за Управата за финансиско разузнавање? Зошто не е случај за Секторот за централно финансирање и склучување договори при финансии, основан за сигурно финансиско управување на средства од ЕУ и од ИПА компонентите? Ја повикуваме Управата да се издигне над притисоците и да постапи според законот. И непостапувањето е кривично дело – додаде Шилегов
{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=nfUs8xlVGfM{/youtube}