Коалиција АПМ и Партија на обединети пензионери
Алијансата за позитивна Македонија и Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија, потпишаа меморандум за коалицирање на предвремените избори.Велат дека се одлучиле за соработка поради високата компатибилност на партиските програми и заедничките интереси, пренесе Телма.
-Темата за пензионерите не може да почнува во автобусите, бањите и на скијачките терени.Многу е евтина таа тема, рече претседателот на Алијанса за позитивна Македонија, Љупчо Зиков
Пензионираниот генерал, Илија Николовски, пак, вели дека ќе се обидат да ја сменат и перцепцијата за пензионерите, поради која се создаде голем јаз меѓу нив и младите луѓе.
Од Алијансата велат дека се отворени за предизборно коалицирање со сите партии, но услов им е, тие да ја прифатат нивната,како што ја нарекуваат, патриотска програма.