Кандидатот за претседател Иванов нема да дозволи промена на името

Објавено на 24 март, 2014 во 08:52

Економија која создава нови работни места и држава која гради благосостојба за сите граѓани. Европа во Mакедонија и Mакедонија во Европа, се дел од програмските цели на актуелниот претседател и кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за престојните претседателски избори, Ѓорѓе Иванов. Нема да дозволам промена на уставот со цел промена на уставното име и нема да прифатам ничија идеја или предлог за решавање со кое ќе се загрози македонскиот национален идентитет и јазик, рече Иванов.

– Нема да дозволам решение за проблемот со јужниот сосед без да се спроведе рефендум, на кој мнозинството граѓани ќе се произнесат позитивно за предлогот, ниту еден политичар, партија, влада или Собрание не може да оди против волјата на граѓаните која е конечна, рече Иванов.

Доколку ја добие поддршката од граѓаните на престојните избори, Иванов вети дека ќе продолжи со модернизација и опремување на армијата, ќе работи на градење добрососедски односи и продлабочување на соработката со земјите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Потоа заштита на човековите права и слобда, доследна примена на Охридскиот рамковен договор и развој на економијата со поддршка на домашните претпријатие како и привлекување странски инвестиции со кои ќе се отворат нови работни места.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.