Заев: Опозициските пратеници поднесоа оставки и следните ќе го сторат истото (ВИДЕО)

Објавено на 28 мај, 2014 во 14:39

Кандидатите за пратеници од опозицијата денеска до Собранието ги доставија своите оставки.

Триесет и тројца пратеници кои потпишаа на нотар дека не ги прифаќаат мандатите нема да бидат дел од новиот собраниски состав. Според претседателот на СДСМ, Зоран Заев никој не може да влијае на овој став на опозицијата.

„Оставки поднесоа сите 33-ца пратеници кои потпишаа на нотар дека не ги прифаќаат мандатите. Власта на Никола Груевски насилно ги верификуваше мандатите на пратениците на опозицијата. Ги погази и Уставот и законите. Го згази уставно и законски загарантираното право на избор на овие луѓе. Направи притисоци врз судска одлука“, изјави Зоран Заев.

Одлуката на Роза Топузова-Каревска да го прифати пратеничкиот мандат според Заев е нејзина лична одлука, но и се надева дека во иднина членот на ЛДП може да го смени својот став.

Заев не смета дека нивната одлука да не се прифатат пратеничките мандати ќе влијае негативно врз евроатлантскиот пат на земјава но и одземање на кандидатскиот статус, зошто според него единствен човек кој е одговорен за политичката криза е Никола Груевски. Зоран Заев рече дека не знае кога би имало евентуални вонредни парламентарни избори, но ако дојде до тоа мора да се формира техничка влада која би овозможила минимум фер услови за изборна трка.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=N2Cps5t-IPY{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.