ЛДП: Потегот на Топузовска Каревска е политичко самоубиство
Чекорот на Роза Топузова Каревска да не го почитува партискиот став и да влезе во ваков нелегитимен Парламент е разочарувачки и доаѓа во исклучително критичен момент за судбината на Република Македонија, се вели во соопштението на ЛДП.
– Тој нејзин личен избор претставува политичко самоубиство, бидејќи знаеме како и каде завршуваат сличните примери. Точно е дека битката треба се води во институциите, но само тогаш кога тие функционираат во демократски амбиент. Оттаму, опозицијата не смее да биде само декор или алиби на овој режим. Вратата на ЛДП е отворена за сите, и секој со своите потези одлучува кога ќе влезе или излезе. Секој сам одлучува како ќе ја започне и како ќе ја заврши својата кариера – соопштуваат од ЛДП.
Од таму велат дека ЛДП останува на ставот да не ги прифаќаат пратеничките мандати, освоени на како што велат фалсификувани и недемократски избори.