Пратениците и апанажата
Пратениците од претходниот состав избрани во јуни 2011-та година, веќе ја трошат првата апанажа.
Мајската апанажа, или првата од вкупно дванаесет што треба да ги добијат, е во полн износ на пратеничката плата или околу 1000 евра.
На листата на пратеници кои користат апанажа се поранешни пратеници од сите партии. На матичните факултети како професори се вратија Ана Павловска Данева и Игор Ивановски од СДСМ, кои нема да користат апанажа.
Според објаснувањето на дел од пратениците на апанажа, повеќето од нив останале без работа или им ако се избрани функционери им престанал мандатот, како што е случајот со Цветанка Иванова, која работеше во Правобранителството. Според законот, апанажа од една година им следува на сите пратеници кои нема да се вратат на старите работни места, во случај да ја извршувале пратеничката функција најмалку две години и еден ден.
За остатокот од пратениците на кои се уште не им е одобрена апанажата, денеска расправа собраниската Комисија за избори и именувања. Според објаснувањето,за некои од поранешните пратеници недостасувале информации дали се враќаат на старите работни места.
Што се однесува до новите пратеници во оставка, престанок на мандатот ќе им бидат констатиран на следната собраниска седница на 17-ти јуни, по што 33 пратеници ќе може да бараат апанажа. Во пресрет на нивните барања, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски поднесе измена на законот за избори, со кој, ќе им определи пократка, скалеста апанажа.
Пратениците во оставка ќе можат да го користат законскиот минимум. Поголемиот дел од нив веќе добија и прва плата во мај, јави Канал 77.