ГРОМ влезе во коалиција со ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

Објавено на 10 јули, 2014 во 06:59

Членовите и претседателите на Општинските организации на ГРОМ од цела Македонија на синоќешната седница на Централниот одбор на партијата со акламација го усвоиле предлогот за взаемна соработка со Владата на Република Македонија.

Како што соопшти ГРОМ, лидерот на партијата Стевчо Јакимовски истакнал оти Извршниот одбор на партијата веќе донел одлука да се поддржи коалицијата и да учествува во Владата со еден заменик-министер како и раководители на други институции кои што ќе бидат понудени за ГРОМ.

Очекувано беше дека Централниот одбор ќе ја прифати препораката од Извршниот одбор на ГРОМ и одсега па натаму ќе учествуваме во работата на Владата во Република Македонија, истакнал Јакимовски.

ГРОМ, се вели во соопштението, треба да работи на зацврстување на локалните самоуправи, и не случајно, организациониот секретар на ГРОМ, Љупчо Пренџов бил предложен за извршување на оваа обврска.

Едногласно членовите на Граѓанската опција за Македонија, го поздравиле предлогот и ја усвоиле Предлог-одлуката за кандидатурата на заменик-министер во областа на локалната самоуправа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.