Жерновски; Не ти се лутам тебе туку на оние кои ти го сторија тоа

Објавено на 19 јули, 2014 во 07:35

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, по вчерашната седница на Советот, на која беа усвоени двата ДУП-а, од кој едниот овозможи на Водно да никне 10-катница, на својот Фејсбук профил упати порака.

Во неа не го наведува неговото име, но се однесува на претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ, кој гласаше против, но со своето присуство им обезбеди кворум на ВМРО-ДПМНЕ да го изгласаат спорниот ДУП, Тасино чешмиче 1.

Еве што порача Жерновски:

„Ќе те уапсат и затворат, само за да ја остварат својата цел. И на крајот ќе те скршат. Не ти се лутам тебе, туку на оние кои ти го сторија тоа. А тие…треба едно да знаат – на крајот на денот, сите си ја плаќаме сметката.“

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.