Опозицијата не се враќа во Парламентот
Објавено на 4 ноември, 2014 во 18:07
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со опозициските колеги Тито Петковски и Андреј Жерновски, изјави дека во однос на бојкотот на државните институтции, категорично е договорено дека нема враќање во Парламентот.
„Темите за кои што сакаме да разговараме со власта и се познати. Ако сака може да почнеме преговори,“рече Заев.
Во однос на опозициската стратегија, тој истакна дека имплементацијата е во тек.
„Од утре почнуваме со јавни трибини кои ќе бидат организирани во 16 градови. Првата е во Битола,“ нагласи лидерот на СДСМ.